22. Моден викенд Скопје од 1 до 3 октомври во Јавна соба

ФВСК и Онлиафју најавуваат реномирани дизајнери, како и нови иновативни таленти од нашата земја и странство, што ќе се претстават во рамки на тридневниот салон „Освестена мода“ од 1 до 3 октомври во Јавна соба. Поканата е отворена за сите љубители на убавиот и квалитетен дизајн, кои ќе имаат уникатна можност да се запознаат со нив, да ги погледнат изложeните креации во живо, како и на лице место да си одберат уникатни парчиња по најповолни цени.

Со перформанс на музичарот Глуми за свеченото отворање на дваесет и второто издание, наредниот четврток (1.10) со почеток од 19 часот во Јавна соба ќе се означи стартот на Моден викенд Скопје, кој оваа сезона е конципиран како тридневен „поп-ап“ настан со продажен салон, арт-инсталации, студентски изложби, едукативни предавања и богата музичка програма. Влезот е слободен од 10 до 22 часот во петок (2.10) и сабота (3.10). И дефинитивно е пригода што не се пропушта.

Списокот учесници на „Попап-салон за освестена мода“ (CONSCIOUS FASHION POP UP SHOWROOM) го сочинуваат низа еминентни и перспективни дизајнери и брендови од земјата и странство, како Ирина Тошева, Евгенија Зафировска, Терзија, Стефанија Насеска, Пара Тодос, Минимал МК, Котев Ксенија, Седум, Тесути арт бај Ана Јаким, Мелеем, Сенка, Липа, Саксија урбан потс, Сиидес мебел… Експонатите ќе може да се купат со големи попусти на принципот ‘Погледни - купи’.

„Заедно со нашите партнери направивме внимателна селекција на современи дизајнери и брендови што вреди да ги види широката публика. Главна цел како организациски тим ни е да им пружиме максимална поддршка на креативните дејци во моментот, фокусирајќи се на врвните имиња, но и на новите таленти што следат еколошки, занаетчиски и етички пристап во работата. Тие се модните херои на денешницата, бидејќи позитивно влијаат на свеста на заедницата“, истакнува Милан Атанасов, координатор за односи со јавност на ФВСК (FWSK).

Моден викенд Скопје ја продолжува плодната соработка со школата за уметност и дизајн Џолев енд д артс, чиишто студенти низ изложба на своите изработки ќе ви докажат дека на македонската мода и дизајн им се насмевнува светла иднина. Во однос на eдукацијата за целосната одржливост како начин на живот, којшто може да има длабоко влијание на иднината на планетата и човештвото генерално, со професионални излагања на темата ќе се вклучат во панел дискусија претставниците на Фешн револушн.

Кон мисијата да се промовира најдоброто од одржливиот дизајн во Скопје, како коорганизатор за реализација на проектот „Освестена мода“ се придружи берлинската консалтинг-агенција Онлиафју (ONLYАFEW), предводена од тандемот Дороти Сара Спехар и Кристина Илиевска, кои по пробивот на скандинавската сцена во Копенхаген, како нареден предизвик за проширување на нивната заедница ја препознаа нашата метропола.

„Ни претставува особена чест и задоволство што сме активно вклучени во сите аспекти, од планирањето до имплементацијата на идеи за годинешново издание на Моден викенд Скопје. Нашата агенција нуди консултантски услуги скроени по мерка за брендовите, односно им овозможува да ја дефинираат нивната ДНК, заснована на одржливост, креативност и иновативност. Ја промовираме визијата за мали колекции базирани на вештини, разумни пласмани за продажба, фер услови помеѓу брендовите и трговците, како и радикална транспарентност“, нагласува Кристина Илиевска, креативен директор во Онлиафју.

Дигитален партнер на дваесет и втората сезона на Моден викенд Скопје е телекомуникацискиот оператор А1.

Јавна соба ќе добие магичен амбиент благодарение на Цветна фабрика, малата работилница што секојдневно ги слави убавината и сензибилитетот на секој цвет и латица, додека одблесокот на огледалата од уметничката инсталација на МГ АРТ ќе создаде вистински рај за сетилата во просторот. За визуелниот имиџ е заслужна графичката дизајнерка Јана Марковска – Ду мор.

На коктелот и афтер-журките одново ќе се наздравува со сортните вина на Визба Валандово винарница, или, пак, по некоја чашка ракија од дестилеријата Антика.

За безбедноста ќе се грижи МДН-обезбедување, а за време на настанот ќе бидат применети сите мерки и препораки за заштита и превенција од ковид-19.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе