21 дело, подарок од уметникот Глигор Стефанов за Музејот на современата уметност

Македонскиот современик, уметникот Глигор Стефанов, кој минатата година имаше ретроспективна изложба во Музејот на современата уметност, одлучи делата од оваа поставка несебично да ги подари на музејот и ги пренесе неговите авторски права и овластувања на МСУ за сите дела од поставката „Грабење во просторот“.

„Горди сме што колекцијата на Музејот на современата уметност е побогата за една толку значајна збирка составена од 21 ремек дело на нашиот уметник, Глигор Стефанов“, велат од музејот.

„Дарувањето е израз на благодарност и љубов. Не можам да го заборавам оној тмурен ноемвриски ден во 1981 година, неколку месеци по моето дипломирање, кога како млад и анонимен уметник, без препораки и познанства, влегов во канцелариите на МСУ за да замолам ако некој сака да го погледне моето портфолио. Таа посета на МСУ го промени мојот живот. Марика Бочварова во последен момент ме вклучи во изложбата ‘Млада Генерација‘, Соња Абаџиева ме покани да учествувам во изложбата ‘Интервенции во Простор‘, Зоран Петровски ме предложи за наградата ‘Млад Борец‘, а Мирослав Поповиќ ме избра во годишната изложба ‘Критичарите бираат‘. Така започна веќе познатата долгогодишната соработка. Конкретно, подарувањето на делата од ретроспективната изложба на МСУ е упатување на благодарност кон институцијата и секој еден со кој соработував и работев во минатото и во деновите на подготовки на истата, благодарност до сите што го вреднуваа и подржуваа моето творештво. Ретроспективната изложба, монографијата и сместувањето на делата во колекцијата на МСУ се една целина која ја заокружи мојата уметничка активност, која интезивно се одвиваше во 80те и 90те години на минатиот век и е директно поврзана со македонското поднебје и сензибилитет“, изјави Стефанов, кој долги години живее и работи во Канада.

Стефанов според она што го прикажува, се потврдува како еден од најзначајните македонски уметници, чиј алтернативен однос кон скулптурата остави белези врз нашата ликовна сцена во последните четириесетина години.

 

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе