Од 14 март

„100 години Требениште”, заедничка македонско-бугарско-српска изложба во Скопје

Бугарската влада денеска го одобри нацрт договорот меѓу министерствата за култура на Бугарија и на Северна Македонија за организирање заедничка изложба „100 години Требениште” во Скопје, објави бугарски „Софиа глоуб“ и Независната балканска новинска агенција (ИБНА)

Изложбата ќе биде поставена од 15 март до 31 август, а ја организира Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија во соработка со Народниот музеј од Белград и Националниот археолошки институт и музеј при Бугарската академија на науки во Софија.

Изложбата во Скопје е од исклучителна важност, бидејќи за првпат ќе бидат изложени речиси сите предмети од важната некропола што се наоѓа во близина на Охрид и која датира од Железното доба, околу шести век п.н.е.

Предметите што ќе бидат изложени се дел од постојаната поставка на Археолошкиот институт при Бугарската академија на науки, на националниот музеј во Белград и на Музејот во Охрид. 

Според соопштението од бугарската Влада, освен што има уметнички и историски придонес, изложбата е позитивен акт на развој и продлабочување на културната соработка меѓу трите земји, Република Бугарија, Република Северна Македонија и Република Србија. 

 

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе