Телешка чорба со печурки

Приготвување:

Валкајте ги телешките коцки во смесата од брашно со сол, црн и црвен пипер, протресувајќи ги за да падне вишокот брашно.

Загрејте го маслото во големо тенџере. Испржете го телешкото месо од двете страни, во неколку групи за да не се преполни тенџерето ако ги ставите сите коцки одеднаш.

Додајте ги кромидот, морковите и здробениот лук. Динстајте на тивко, често мешајќи за да не се залепат состојките.

Кога зеленчукот ќе почне да потемнува, додајте ги виното, водата, доматното пире и букетот зачини. Зачинете по вкус со сол и црн пипер. Промешајте и оставете да крчка 1 час. Оставете го тенџерето малку подотворено за да излегува пареата.

Исечете ги печурките на четвртини. Малку продинстајте ги во масло. Додајте им сол, црн пипер и сокот од лимон.

Додајте ги печурките во чорбата и динстајте уште 15 минути. Извадете го букетот зачини, проверете дали е доволно солено, ако треба додајте сол или црн пипер и послужете веднаш.

Состојки:
1 кг свежо телешко месо, сечено на мали коцки

100 г брашно, помешано со сол, црн и црвен пипер

50 мл маслиново масло

2 кромида, крупно сечени

4-6 моркови, сечени на тркалца

4 чешниња лук, здробени

3 лажици доматно пире

400 мл суво бело вино

400 мл вода

букет зачини (2 дафинови листа, 1 гранче рузмарин, четвртина китка магдонос, 2 гранчиња свежа мајчина душица, врзани со кујнски конец)

3 лажици маслиново масло

1 лажица свеж сок од лимон

300 грама свежи печурки

Објавено

Среда, Февруари 12, 2014 - 09:18

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе