Супа од лук

Приготвување:

Натопете ги печурките во топла вода половина час. Исцедете ги и зачувајте ја течноста. Крупно исечкајте ги печурките.

Динстајте ги кромидот, морковот, пашканатот и целерот, во маслиново масло, во длабока тава. Додајте ги печурките и гответе 5 минути на тивок оган.

Додајте ги пилешката супа и лукчињата.

Додајте сол и црн пипер по вкус. Додајте ги листовите мајчина душица.

Зовријте ја супата, а потоа динстајте ја на ниска температура половина час, повремено мешајќи.

Изблендајте ја во неколку наврати.

Ако изгледа ретка, оставете да врие уште неколку минути, повремено мешајќи.

Сервирајте ја во мали чинии, попрскана со неутрална павлака. Послужете ја топла, но не врела.

Состојки:
400 грама лупени лукчиња, крупно сечкани

50 грама сушен вргањ, половина час натопен во 2 чаши топла вода

2 литри пилешка супа

2 лажички маслиново масло

2 големи кромиди, сечкани

1 голем пашканат

1 морков

1 целер

100 мл неутрална павлака за готвење

3 гранчиња мајчина душица (може и свежа жалфија)

Објавено

Вторник, Јуни 28, 2016 - 14:20

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе