Супа од карфиол со сланина

Приготвување:

Во голема тава испржете ја сланината на средно-висока температура додека да стане крцкава. Извадете ја сланината од тавата и ставете ја хартиена крпа.

Во маслото од сланината ставете го кромидот и динстајте на средно-висока температура 3-4 минути. Додајте го карфиолот, зачинете со оригано, мајчина душица и црн пипер, промешајте, па гответе уште 3-4 минути, или додека карфиолот да почне да добива светлокафена боја. Додајте ја пилешката супа, промешајте и намалете ја температурата на најниска. Гответе 15 минути. Потоа, по желба, може дел од карфиолот или целиот карфиол да го смелите во блендер.

Во друга тава стопете го путерот. Ставете го брашното и мешајте за да се формира паста. Додајте го млекото, а потоа продолжете да готвите додека да згусне. Тргнете ја тавата од рингла и додајте ја хоплата.

Истурете го белиот сос во супата. Зголемете ја температурата на средно-висока и вратете да се вари 3-5 минути. Намалете ја температурата на ниска и додајте ги киселата павлака и кашкавалот сè додека целосно не се стопи. Додајте го магдоносот.

Пробајте и ако треба, додајте зачини. Послужете со уште рендан кашкавал, парчиња сланина и магдонос.

Состојки:
4 тенки ленти сланина, сечени на мали парчиња

1 кромид, ситно сечкан

1 главица карфиол, поделена на мали цветчиња

1/2 лажичка измешани суви оригано и мајчина душица

1/2 лажичка црн пипер

2 л пилешка супа од коцка

50 г путер

3 полни лажици брашно

500 мл млеко

250 мл неутрална хопла

50 г павлака

300 г рендан кравји кашкавал, повеќе по желба

2 лажици сечкан магдонос

сол по вкус

Објавено

Среда, Октомври 22, 2014 - 09:35

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе