Приготвување:Во голема тава испржете ја сланината на средно-висока температура додека да стане крцкава. Извадете ја сланината од тавата и ставете ја хартиена крпа. Во маслото од сланината ставете го кромидот и динстајте на средно-висока температура 3-4 минути. Додајте го карфиолот, зачинете со оригано, мајчина душица и црн пипер, промешајте, па гответе уште 3-4 минути, или додека карфиолот да почне да добива светлокафена боја. Додајте ја пилешката супа, промешајте и намалете ја температурата на најниска. Гответе 15 минути. Потоа, по желба, може дел од карфиолот или целиот карфиол да го смелите во блендер. Во друга тава стопете го путерот. Ставете го брашното и мешајте за да се формира паста. Додајте го млекото, а потоа продолжете да готвите додека да згусне. Тргнете ја тавата од рингла и додајте ја хоплата. Истурете го белиот сос во супата. Зголемете ја температурата на средно-висока и вратете да се вари 3-5 минути. Намалете ја температурата на ниска и додајте ги киселата павлака и кашкавалот сè додека целосно не се стопи. Додајте го магдоносот. Пробајте и ако треба, додајте зачини. Послужете со уште рендан кашкавал, парчиња сланина и магдонос. | Состојки:4 тенки ленти сланина, сечени на мали парчиња1 кромид, ситно сечкан 1 главица карфиол, поделена на мали цветчиња 1/2 лажичка измешани суви оригано и мајчина душица 1/2 лажичка црн пипер 2 л пилешка супа од коцка 50 г путер 3 полни лажици брашно 500 мл млеко 250 мл неутрална хопла 50 г павлака 300 г рендан кравји кашкавал, повеќе по желба 2 лажици сечкан магдонос сол по вкус |
- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 83НОВИ / 24h
- 1 од 14
- следно ›
- Контакт