Супа од домати и печен лук

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Излупете ги чешнињата лук. Ставете ги на фолија и попрскајте ги со маслиново масло. Затворете ја фолијата околу лукчињата и печете ги во загреаната рерна околу 25 минути.

Додека лукот се пече, во големо тенџере зовријте вода. Додајте ги доматите и варете ги 3 минути.

Исцедете ги доматите и ставете ги под млаз студена вода сè додека не се оладат доволно за да може да ги допирате. Излупете ги, извадете им ги срцевините и ставете ги во тенџере.

Додајте им ги печениот лук, кромидот, доматите од конзерва, пилешката супа, солта, црниот пипер, шеќерот, црвениот и лутиот пипер и сечканиот босилек.

Варете ги на средна температура 3-4 часа, или додека зеленчукот да омекне.

Ставете ја целата смеса во блендер и мешајте ја додека целосно да се изедначи. Додајте ѝ ги хоплата и кашкавалот.

Со црпалка ставете од супата во чинии и украсете ги со босилек и малку кашкавал.

Состојки:
1 кг зрели домати

1 главица лук

1 лажица маслиново масло

1 кромид, ситно сечкан

400 мл парчиња домати во сос од конзерва

200 мл пилешка супа

1 лажиче сол

1/2 лажичка црн пипер

1 лажичка шеќер

1/4 лажичка мелен црвен пипер

1/4 лажичка лут пипер во прав

2 лажици сечкан свеж босилек, плус повеќе за украсување

150 мл неутрална хопла

100 г рендан кравји кашкавал

Објавено

Понеделник, Февруари 2, 2015 - 21:28

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе