Приготвување:Загрејте ја рерната на 200 степени. Излупете ги чешнињата лук. Ставете ги на фолија и попрскајте ги со маслиново масло. Затворете ја фолијата околу лукчињата и печете ги во загреаната рерна околу 25 минути. Додека лукот се пече, во големо тенџере зовријте вода. Додајте ги доматите и варете ги 3 минути. Исцедете ги доматите и ставете ги под млаз студена вода сè додека не се оладат доволно за да може да ги допирате. Излупете ги, извадете им ги срцевините и ставете ги во тенџере. Додајте им ги печениот лук, кромидот, доматите од конзерва, пилешката супа, солта, црниот пипер, шеќерот, црвениот и лутиот пипер и сечканиот босилек. Варете ги на средна температура 3-4 часа, или додека зеленчукот да омекне. Ставете ја целата смеса во блендер и мешајте ја додека целосно да се изедначи. Додајте ѝ ги хоплата и кашкавалот. Со црпалка ставете од супата во чинии и украсете ги со босилек и малку кашкавал. | Состојки:1 кг зрели домати1 главица лук 1 лажица маслиново масло 1 кромид, ситно сечкан 400 мл парчиња домати во сос од конзерва 200 мл пилешка супа 1 лажиче сол 1/2 лажичка црн пипер 1 лажичка шеќер 1/4 лажичка мелен црвен пипер 1/4 лажичка лут пипер во прав 2 лажици сечкан свеж босилек, плус повеќе за украсување 150 мл неутрална хопла 100 г рендан кравји кашкавал |
- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 70НОВИ / 24h
- 1 од 12
- следно ›
- Контакт