Приготвување:Стопете го путерот во тенџере на средна температура, а потоа додајте го кромидот. Динстајте 3-4 минути, а потоа одозгора истурете го брашното. Промешајте и динстајте околу 1 минута, а потоа додајте ги млекото и хоплата. Ставете го морското оревче, а потоа и брокулите искинати на цветчиња, малку сол и црн пипер. Покријте го тенџерето со капак и намалете на тивко. Динстајте 20-30 минути, или додека брокулата да омекне. Додајте го кашкавалот и оставете го да се стопи. Вкусете ја супата и додајте уште зачини ако е потребно. Потоа или послужете ја каква што е, или здробете ги брокулите со гмечалка за пире, или на два дела измешајте ја во блендер додека да стане каша. (Ако ја мешате во блендер, потоа вратете ја на рингла и оставете да прокрчка. Ако сакате да биде поретка, додајте ѝ пилешки бујон.) Послужете ја супата со едноставни брускети. | Состојки:1 цел кромид, ситно сечкан100 г путер 40 г брашно 1 л полномасно млеко 500 мл неутрална хопла 4 главици брокула прстофат морско оревче 300 г рендан кравји кашкавал сол црн пипер пилешки бујон (по желба) |
Детска супа од брокули и млеко

Објавено
Сабота, Октомври 12, 2013 - 21:03