Супа од брокули и кашкавал

Приготвување:

Искинете ги цветовите брокула од дршката и исечете ги на парчиња големи 3 см. Половина од нив ставете во голем сад, а другата половина во мал сад. Оставете ги настрана.

Исечете го дното на дршката од брокулата и со нож за лупење зеленчук излупете ѝ го надворешниот слој. Исечете ја дршката на парчиња од 3 см и ставете ги во големиот сад со цветовите. Оставете ги настрана.

Загрејте го маслото во големо тенџере на средна температура, додека да почне да чрчори. Додајте го кромидот, зачинете со сол и црн пипер и динстајте, повремено мешајќи, додека да омекне, околу 5 минути.

Во меѓувреме, излупете го компирот и исечете го на парчиња од 3 см. Кај кромидот додајте ги компирот, пилешкиот бујон, водата, цветовите и дршките брокули од големиот сад, зачинете со сол и црн пипер, и зовријте ја течноста на висока температура.

Намалете ја температурата на ниска и динстајте додека парчињата компир и дршките брокула да може лесно да се боцнат со нож, околу 20 минути.

Во меѓувреме, останатите цветови брокула исечете ги на парчиња од 5-6 милиметри и оставете ги настрана.

Во блендер пасирајте ја супата во серии додека да добиете мазна, изедначена смеса. Ставете ја блендираната супа во чисто тенџере и вратете ја на тивок оган. Додајте ѝ ги зачуваните парченца брокула и вријте додека да омекнат, околу 10 минути.

Додајте ги ренданиот кашкавал и павлаката. Вкусете и зачинете со уште сол и црн пипер ако е потребно. Послужете.

Состојки:
1 голема главица брокула

1 лажица маслиново масло

половина кромид, сечен на средни коцки

сол

црн пипер

1 среден компир (околу 200 г)

500 мл пилешки бујон или вода

500 мл вода

150 г рендан кравји кашкавал

2 лажици кисела павлака

Објавено

Вторник, Август 6, 2013 - 22:57

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе