Пилешка супа со кари и јаболков сок

Приготвување:

Зачинете ги парчињата пилешко со сол и црн пипер, а потоа извалкајте ги од двете страни во брашно.

Стопете го путерот во тенџере на средно висока температура. Во две тури испржете ги парчињата пилешко од двете страни додека да потемнат и извадете ги на чиста чинија.

Во истата тава додајте ги кромидот, морковите и целерот. Промешајте и гответе 3-4 минути на средно ниска температура. Додајте ги мајчината душица и карито, а потоа и пилешката супа од коцка и јаболковиот сок. Промешајте, а потоа додајте ги парчињата пржено пилешко. Покријте го тенџерето со капак и оставете да крчка 20 минути.

Додека пилешкото крчка, направете го тестото за кнедлите: измешајте ги сите суви состојки, а потоа додајте ги млекото и хоплата, полека мешајќи за да се спојат. Оставете ги настрана.

Извадете ги парчињата пилешко од тенџерето и оставете ги настрана на една чинија. Отстранете ги кожата и коските од пилешкото. Исечкајте го месото, а потоа вратете го во тенџерето. Додајте ја хоплата во тенџерето и промешајте.

Со лажиче црпете од тестото за кнедли и, едно по едно, додавајте ги во тенџерето што крчка. Додајте го магдоносот (ако ставате). Покријте го тенџерето до половина и оставете да крчка уште 15 минути. Проверете дали е доволно зачинето; додајте сол ако е потребно. Оставете ја супата да отседи 10 минути пред сервирањето.

Состојки:
2 лажици путер

2 лажици маслиново масло

5 лажици брашно

1 цело пиле, сечено на парчиња

сол и црн пипер

2 моркови, ситно сечкани

1 главица целер, ситно сечкана

1 кромид, ситно сечкан

половина лажичка мајчина душица

прстофат кари

1,5 л пилешка супа од коцка

120 мл јаболков сок

120 мл неутрална хопла

За кнедлите:

350 г брашно

60 г пченкарно брашно

1 лажица (полна) прашок за печиво

1 лажичка сол

250 мл млеко

130 мл неутрална хопла

2 лажици сечкан свеж магдонос (по желба)

сол колку што е потребно

Објавено

Сабота, Ноември 9, 2013 - 00:08

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе