Миризлива чорба од зеленчук

Приготвување:

Загрејте го зејтинот во голема тава на средна температура. Додајте го кромидот и малку сол и динстајте додека да стане стаклест, околу 4 минути. Додајте ги ѓумбирот, циметот, коријандерот, кимот, црвениот пипер, шафранот и малку црн пипер и динстајте додека да замириса, околу 1 минута.

Пренесете ја смесата во тенџере, додајте ги компирите, морковите, пашканатот и супата од коцка, зачинете со сол и црн пипер и промешајте.

Кога супата ќе зоврие, намалете ја температурата на најниска. Покријте го тенџерето и динстајте еден и пол час.

Додајте ги коцките тиква, леблебијата и сувото грозје, зачинете со сол и промешајте. Покријте го тенџерето и продолжете да готвите додека зеленчукот да омекне.

Додајте го спанаќот, нежно промешајте и гответе уште 5 минути. Додајте го оцетот, зачинете со повеќе сол, црн пипер и оцет, по желба. Послужете.

Состојки:
60 мл маслиново масло

2 средни кромиди, сечкани на големи коцки

сол

1 лажичка мелен ѓумбир

1 лажичка цимет

1/2 лажичка мелен коријандер

прстофат ким

прстофат црвен пипер

прстофат шафран

црн пипер

1 кг компири, сечени на големи коцки

500 г моркови, излупени и сечкани на големи коцки

500 г пашканат, излупени и сечени на големи коцки

750 мл пилешка или зеленчукова супа од коцка

1 кг тиква, излупена, исчистена и сечкана на големи коцки

400 г леблебија

100 г суво грозје

300 г спанаќ, исчистен

1,5 лажица јаболков оцет, плус повеќе ако треба

Објавено

Четврток, Јуни 20, 2013 - 00:33

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе