Кремлива зимска супа од целер

Приготвување:

Во големо тенџере на средна температура загрејте го маслото додека да почне да трепери. Додадете го кромидот и динстајте, мешајќи, додека не омекне, но да не поцрвени, околу 3 минути.

Додајте го лукот и динстајте мешајќи уште 30 секунди.

Додајте ги коренот од целер, супата, гравот, посолете и оставете да зоврие. Намалете ја температурата колку за да крчка и варете, покриено, сè додека коренот на целер не омекне, околу 20 минути.

Додајте ги путерот од кикиритки и сокот од лимон и со рачен блендер мелете додека да добиете смеса со текстура на пире. (Или оставете ја супата да се излади, па мелете во серии во блендер, па повторно загрејте ја.)

Додајте вода или уште супа по потреба за да ја постигнете саканата густина. Вкусете и зачинете со уште сол и / или сок од лимон, по желба. Гарнирајте со чипс и магдонос и сервирајте ја супата топла.

Состојки:
2 лажици маслиново масло

1 среден кромид, ситно сечкан

3 чешниња лук, здробени

1 кг парчиња корен од целер, поткастрени, излупени и исечени на мали коцки

4 чаши пилешка или зеленчукова супа од коцка, или повеќе по потреба

1 чаша сварен грав без додадена сол, исцеден од водата

1 лажичка сол, или повеќе по потреба

2 лажици путер од кикиритки

1 лажица свеж сок од лимон, или повеќе по потреба

малку свеж магдонос

чипс

Објавено

Четврток, Декември 26, 2019 - 16:39

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе