Италијанска супа со ќофтиња

Приготвување:

Добро измешајте ги сите состојки за ќофтињата. Од смесата обликувајте мали топчиња и ставете ги 30 минути во фрижидер.

Кога ќе се оладат, во голема тава загрејте го маслиновото масло на средно ниска температура. Накратко пропржете ги ќофтињата, колку да потемнат од сите страни, а потоа префрлете ги во чинија.

Во тенџере ставете ги говедската супа од коцка, водата, солта, доматното пире, магдоносот, дафиновите листови и црниот пипер. Оставете да зоврие, а потоа намалете и нека крчка 30 минути.

Додајте ги кромидот, морковите, целерот и компирот. Оставете да крчка уште 15 минути.

Додајте ги зелката и ќофтињата. Зголемете ја температурата за да зоврие, а потоа намалете и нека крчка 8-10 минути.

Пренесете ја супата во чинии, одозгора наросете рендан пармезан и послужете.

Состојки:
За ќофтињата:

350 г мелено говедско месо

100 г рендан пармезан

3 лажици свеж магдонос, ситно сечкан

1 цело јајце

2 чешниња лук, здробени

1/2 лажичка сол

1/2 лажичка црн пипер

1/4 лажичка оригано

2 лажички сок од лимон

За супата:

3 лажици маслиново масло

2 л говедска супа од коцка

500 мл вода

1/2 лажичка сол

2 лажици доматно пире

1 кромид, сечкан на коцки

1 морков, сечкан на коцки

еден мал корен целер, сечкан на коцки

1 голем компир, сечкан на коцки

250 г зелка, сечкана

4 лажици сечкан свеж магдонос

2 дафинови листа

1 лажичка црн пипер

рендан пармезан за сервирање

Објавено

Среда, Ноември 13, 2013 - 23:20

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе