Приготвување:Во големо тенџере на средно-висока температура, пржете го месото со кромидот, целерот и лукот. Тргнете го тенџерето од рингла и колку што може исцедете ги маснотиите. Вратете го тенџерето на рингла и додајте ги другите состојки. Промешајте, а потоа оставете да зоврие. Намалете ја температурата, а потоа покријте го тенџерето и оставете ја супата да крчка уште 15-20 минути, додека компирите да омекнат, но да не станат премногу кашести. Супата треба да биде умерено густа, но ако сакате да биде потечна, додајте уште 250-500 мл говедска супа или топла вода и оставете да се загрее. Додајте зачини по вкус. Послужете ја со крцкав леб. | Состојки:1 кг мелено месо1 голем кромид, ситно сечкан 1 главица целер, ситно сечкана 3 чешниња лук, здробени 400 г конзерва домати во сос 750 мл говедска супа, плус повеќе ако треба 1 жолта пиперка, ситно сечкана 1 црвена пиперка, ситно сечкана 1 зелена пиперка, ситно сечкана 4 моркови, излупени и исечени на крукчиња 5 компири, сечени на поголеми коцки 3 лажици доматно пире 1/2 лажичка сол (повеќе по вкус) 1/2 лажичка црн пипер, повеќе по вкус 2 лажици ситно сечкан магдонос 1/2 лажичка оригано 1/4 лажичка црвен пипер, повеќе по вкус |
- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 55НОВИ / 24h
- 1 од 10
- следно ›
- Контакт