Говедска чорба со пиво и црвен пипер

Приготвување:

Загрејте ги маслото и путерот во голем сад на средно висока температура. Испржете ги коцките месо во две групи додека да потемнат и префрлете ги во чинија. Исечете ги на половина. Оставете ги настрана.

Во истата тава ставете го кромидот. Промешајте и динстајте две-три минути, додека да омекне, а потоа додајте го лукот и динстајте уште една минута. Прелејте ги со пивото и со супата, а потоа додајте ги ворчестер-сосот, доматното пире, црвениот пипер, солта, црниот пипер и шеќерот. Вратете ги коцките говедско во тавата. Промешајте. Покријте ја тавата и оставете да се динста 1 и пол до 2 часа.

За време на динстањето течноста би требало да згусне. Ако стане премногу густа, додајте ѝ вода колку што е потребно.

Додајте ги морковите и компирите, а потоа покријте ја тавата и динстајте уште 30 минути. (Ако чорбата почне да станува сува, само додајте чаша врела вода за да се надополни течноста.) Вкусете и додајте зачини колку што е потребно.

Послужете ја чорбата со крцкав леб. Додајте ѝ свеж магдонос, по желба.

Состојки:
3 лажици маслиново масло

1 лажица путер

1 кг говедска кртина, сечена на коцки

1 цел кромид, ситно сечкан

3 чешниња лук, здробени

350 мл пиво

1 л говедска супа од коцка (1 л вода + 4 коцки)

500 мл вода (ако е потребно)

1 лажица ворчестер-сос

2 лажици доматно пире

1/2 лажиче црвен пипер

1/2 лажичка сол

црн пипер

1 и пол лажичка шеќер

4 моркови, крупно исечени

4 компири, сечени на четвртини

сечкан магдонос (по желба)

Објавено

Понеделник, Ноември 18, 2013 - 20:34

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе