Гаспачо

Приготвување:

Во блендер ставете го лукот со половина од црвениот кромид, половина од краставицата, половина од доматите, половина од тиквичката, половина од целерот, половина од доматниот сос, со целото маслиново масло, оцетот, шеќерот, сосот табаско и солта.

Мелете додека сите состојки да се измешаат и да добиете убава шарена текстура од ситни парченца.

Истурете ја смесата во голем сад и додајте го остатокот од доматниот сос, кромидот, краставицата, доматите, тиквичката и од целерот (зачувајте сосема малку од сечканиот зеленчук за украс).

Измешајте ја смесата и проверете дали е доволно зачинета, па додајте сол ако треба. Ладете ја супата барем неколку часа во фрижидер, а потоа извадете ја и измешајте ја. Уште еднаш проверете како е зачинета. Украсете ја со остатокот сечкан зеленчук и послужете ја со кисела павлака и сечкан магдонос.

Состојки:
2 чешниња лук, здробени

1 црвен кромид, ситно сечкан

1 голема краставица, ситно сечкана

5 домати, ситно сечкани

1 тиквичка, ситно сечкана

2 стебленца целер, ситно сечкани

сол по вкус

1 л доматен сос

50 мл маслиново масло

30 мл вински оцет

2 лажици бел шеќер

6 капки табаско-сос

црн пипер по вкус

Објавено

Вторник, Ноември 4, 2014 - 23:38

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе