Чорба-пита

Приготвување:


Загрејте ја рерната на 200 степени.

Стопете го путерот во голем сад на средно-висока температура, а потоа додајте ги кромидот, морковите и целерот. Промешајте ги и динстајте додека кромидот да почне да станува проѕирен, околу 3 минути.

Додајте го пилешкото, а потоа посипете го брашното одозгора и промешајте додека убаво да се спои со пилешкото и зеленчукот. Гответе 1 минута, а потоа додајте ја супата (и виното, ако ставате), убаво измешајте и оставете да се готви и да згусне.

Откако смесата ќе почне да згуснува, додајте куркума, сол, црн пипер и мајчина душица.

Додајте ја хоплата, промешајте и оставете да закрчка и да се згусне, околу 3 минути. Ако ви се чини дека е премногу густа, додајте уште малку супа. Исклучете ја ринглата.

Ставете ја смесата во тава за печење. Покријте ја тавата со непечената кора за пита. Притиснете го тестото така што рабовите да му се залепени на надворешниот дел од тавата. Со нож засечете мали отвори на неколку места на тестото.

Измешајте го јајцето со 2 лажици вода и со четка намачкајте ја површината на кората.

Печете ја питата 25-30 минути, или додека кората да стане златно-кафена. За да спречите кората брзо да загори, во првите 15 минути од печењето положете лист алуминиумска фолија врз него.

Состојки:
4 лажици путер

еден среден кромид, ситно сечкан

2 моркови, ситно сечкани

1 главица целер, ситно сечкана

200 г варено пилешко, искинато на ситни парчиња

4 лажици брашно

750 мл пилешка супа, плус уште ако е потребно

малку бело вино (по желба)

1/4 лажичка куркума

сол и црн пипер, по вкус

сечкана свежа мајчина душица по вкус

60 мл неутрална хопла

1 цела непечена кора за пита

1 јајце

2 лажици вода

Објавено

Вторник, Август 27, 2013 - 23:28

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе