Приготвување:Отстранете ги лушпите од ракчињата, грубо исечкајте ги на парчиња со големина на залак и ставете ги во фрижидер. Зачувајте ги лушпите. Во големо тенџере на средна температура ставете 1 лажица путер. Кога меурчињата ќе се смират, додајте ги кромидот, морковите, целерот и зачуваните лушпи и зачинете со сол и црн пипер. Гответе, повремено мешајќи, додека кромидот само да омекне, а лушпите да добијат светлорозова боја, околу 5 минути. Зголемете ја температурата на средновисока и додајте ги доматното пире, мајчината душица и дафиновиот лист; мешајте додека зеленчукот да се обложи со доматното пире. Додајте ја водата, промешајте и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата на ниска и крчкајте ја супата додека да добие миризба на ракчиња, околу 30 минути. Исцедете ја топлата супа низ густа цедалка во друг сад и фрлете ги цврстите состојки (морковите, целерот итн). Вратете го празното тенџере на шпорет на ниска температура. Додајте ги останатите 3 лажици путер и оставете да се стопи. Кога путерот ќе се запени, додајте го брашното и динстајте, често мешајќи, додека смесата да се изедначи и да добие златно-кафеава боја, околу 4 минути. Полека додајте го коњакот, потоа и исцедената топла супа, мешајќи додека смесата да се изедначи, а потоа зовријте ја. Додајте ги хоплата, црвениот пипер и исечканите ракчиња и промешајте. Оставете да крчка додека вкусовите да се спојат, а ракчињата да се сварат, околу 8-10 минути. По желба зачинете со сол и црн пипер и послужете. | Состојки:1 кг ракчиња сосе лушпи4 лажици несолен путер 2 средни кромиди, сечени на големи коцки 2 средни моркови, излупени и сечени на големи коцки 1 корен од целер, сечен на големи коцки сол црн пипер 2 лажици доматно пире 5 гранчиња свежа мајчина душица 2 дафинови листа 1,3 л вода 3 лажици брашно 130 мл коњак 200 мл неутрална хопла 1/4 лажичка црвен пипер |
Чорба од ракчиња и коњак

Објавено
Среда, Октомври 2, 2013 - 21:54