Чорба од лосос со песто од коријандер

Приготвување:

За пестото:

Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте ги сè додека не се изедначи смесата.

За чорбата:

Стопете 2 лажици путер во големо тенџере на средна температура. Додајте го кромидот и динстајте додека да омекне, околу 5-8 минути. Додајте ги морковот, целерот, компирот, солта и црниот пипер и динстајте, мешајќи повремено, додека зеленчукот само малку да омекне, околу 5 минути.

Додајте ги водата и виното и зовријте ја течноста на висока температура. Намалете ја температурата на средна, за течноста само да крчка, и продолжете да готвите додека таа да се сведе на околу половина, околу 20 минути.

Додајте ги хоплата и млекото, пак зовријте ја течноста, а потоа намалете ја температурата на средно-ниска и динстајте додека зеленчукот сосема да омекне, околу 12 минути.

Во мал сад со прсти измешајте ја преостанатата 1/2 лажица путер со брашното, додека да се формира мазна смеса. Фрлете ја во чорбата и брзо мешајте додека рамномерно да се стопи и впие.

Зачинете го лососот со сол и црн пипер, додајте го во чорбата и продолжете да динстате додека лососот да се свари, околу 5 минути.

Тргнете ја чорбата од рингла и додајте ѝ ги табаско-сосот и сокот од лимон. Ако треба, додајте и уште сол, црн пипер, табаско или сок од лимон.

Во секоја чинија врз чорбата попрскајте една лажица песто од коријандер.

Состојки:
За пестото:

2 китки коријандер, крупно сечкани

сок од 2 лимони

2 лажици маслиново масло

2 лажици вода

1/2 лажичка сол

За чорбата:

2 1/2 лажици несолен путер, на собна температура

1 среден кромид, сечен на големи коцки

1 голем морков, сечен на големи коцки

1 корен целер, сечен на големи коцки

1 голем компир, сечен на големи коцки

1 лажичка сол, плус повеќе ако треба

1/4 лажичка црн пипер, плус повеќе ако треба

1 л вода

150 мл суво бело вино

250 мл неутрална хопла

250 мл полномасно млеко

1 лажица брашно

700 грама свеж лосос, со отстранета кожа и сечен на крупни коцки

2 капки табаско-сос, повеќе по вкус

сок од половина лимон, плус повеќе по желба

Објавено

Понеделник, Јули 15, 2013 - 23:10

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе