Брза супа од домати со коњак

Приготвување:

Динстајте го сечканиот кромид на путерот додека да стане проѕирен.

Додајте ги сечканите домати, сокот од домати, пилешките коцки, шеќерот, солта, црниот пипер и промешајте.

Доведете ја супата до пред зовривање, а потоа исклучете ја ринглата. Додајте ги алкохолот и хоплата и измешајте.

Додајте ги магдоносот и босилекот и пробајте да видите дали има доволно зачини.

Ако има потреба, додајте уште сол и црн пипер и послужете ја супата со печено лепче и намаз од стопен кашкавал, сенф и пиво.

Состојки:
6 лажици стопен путер

1 кромид, ситно сечкан

1 л сок од домати

400 г сечкани домати (свежи или од конзерва)

2-3 коцки за пилешка супа

3 лажици шеќер

1 лажиче сол

црн пипер по вкус

250 мл коњак, или бренди, или вермут

300 мл неутрална хопла

сечкан свеж магдонос

сечкан свеж босилек

Објавено

Вторник, Април 1, 2014 - 10:33

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе