Спанаќ со пржени лукчиња

Приготвување:

Истурете го маслиновото масло во голема тава и додајте ги парчињата лук. Вклучете го шпоретот на средно ниска температура и оставете лукот и маслото да се загреат заедно.

Кога ќе почне маслото да крчка, промешајте ги лукчињата за да се превртат. Внимавајте да не загорат, треба само благо да поруменат. Штом ќе добијат златно-кафеава боја, извадете ги од тавата.

Половина од маслото пренесете во друг сад и оставете го настрана.

Во тавата додајте половина од спанаќот. Веднаш почнете бавно да го мешате со лажица. Спанаќот веднаш ќе почне да свенува. Гответе го мешајќи само една минута, додавајќи сол и пипер по вкус. Извадете го спанаќот на чинија.

Во тавата вратете го маслото што го пренесовте во друг сад и додајте ја другата половина спанаќ. Повторете го истиот процес на готвење.

Пренесете ја и втората половина спанаќ во чинијата кај првата, распоредете ги одозгора лукчињата и послужете.

Состојки:
5 чешниња лук, излупени и исечени многу тенко

3 лажици маслиново масло

350 г спанаќ

половина лажичка сол

црн пипер

Објавено

Петок, Април 12, 2013 - 00:55

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе