Приготвување:Сварете ги јајцата со 1 лажица сол во водата. Излупете ги. Исечете ги јајцата на четвртини. Промешајте ги со мајонезот, магдоносот и зачинете со сол и црн пипер по вкус. За мајонезот: во блендер ставете ги жолчките, водата, сокот од лимон, белиот оцет, сенфот и солта и мешајте додека не се изедначи. Со вклучен блендер, полека истурајте го растителното масло во него и блендајте додека да се спои. Додајте го пиперчето и блендајте додека да се здроби и спои со другите состојки. Намачкајте ја салатата на кришки леб и послужете. | Состојки:12 јајца1 чаша мајонез 1/4 чаша магдонос (ситно сечкан) 8 кришки леб сол и црн пипер (по вкус) За мајонезот: 2 жолчки 2 лажици топла вода 2 лажички сок од лимон 1 лажица дестилиран бел оцет 1/2 лажичка сенф 1 лажичка сол 1,5 чаша растително масло 1/2 чаша пиперче (крупно сечкано) |
Салата од јајца со кремлив мајонез

Објавено
Среда, Април 7, 2021 - 12:18