Салата од јајца со кремлив мајонез

Приготвување:

Сварете ги јајцата со 1 лажица сол во водата. Излупете ги. Исечете ги јајцата на четвртини. Промешајте ги со мајонезот, магдоносот и зачинете со сол и црн пипер по вкус.

За мајонезот: во блендер ставете ги жолчките, водата, сокот од лимон, белиот оцет, сенфот и солта и мешајте додека не се изедначи. Со вклучен блендер, полека истурајте го растителното масло во него и блендајте додека да се спои. Додајте го пиперчето и блендајте додека да се здроби и спои со другите состојки.

Намачкајте ја салатата на кришки леб и послужете.

Состојки:
12 јајца

1 чаша мајонез

1/4 чаша магдонос (ситно сечкан)

8 кришки леб

сол и црн пипер (по вкус)

За мајонезот:

2 жолчки

2 лажици топла вода

2 лажички сок од лимон

1 лажица дестилиран бел оцет

1/2 лажичка сенф

1 лажичка сол

1,5 чаша растително масло

1/2 чаша пиперче (крупно сечкано)

Објавено

Среда, Април 7, 2021 - 12:18

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе