Сендвич од кој нема да ослабите

Приготвување:

Стопете го путерот во тава на средно-ниска температура и динстајте го кромидот околу 20 минути, често мешајќи. Кога ќе стане светлокафеав и мек, префрлете го во друг сад.

Во истата тава пржете ја сланината додека да стане крцкава. Префрлете ја на кујнска хартија да се исцеди.

Измешајте ги мајонезот и лутиот сос. Пробајте и додајте уште лут сос ако е потребно.

Исечените јајца великодушно зачинете ги со сол и црн пипер.

Намачкајте ги парчињата леб од едната страна со зачинетиот мајонез. Наредете ги состојките на сендвичот како што сакате: јајцата, сланината, кашкавалот, кромидот, пак јајца, пак кашкавал. Поклопете со другата кришка леб и одозгора намачкајте ја со путер. Целиот сендвич (страната со путер долу) ставете го во тавата на средно-ниска температура. Намачкајте ја и горната страна со путер, а потоа продолжете да го пржите сендвичот додека лебот да добие златна боја и да стане малку крцкав, а кашкавалот да се стопи.

Исечете го сендвичот на половина со остар назабен нож и послужете го.

Состојки:
  • 1 лажица путер
  • 1 среден кромид, преполовен и исечен на ленти
  • 4 парчиња сланина, исечени на половина
  • 2 лажици мајонез
  • неколку капки лут сос
  • 2 кришки леб
  • 3 тврдо варени јајца, излупени и исечени на кругови
  • сол и црн пипер по вкус
  • 2 парчиња кашкавал
  • уште путер, за пржењето

Објавено

Среда, Септември 14, 2016 - 21:58

Коментари

Eве ние ве сакаме, ве каниме да ни се придружите, ама за тоа ќе морате да се откажете од најсветото, од вашето „јас“ !?

повеќе

Доколку Нимиц нè разочара, Владата ќе биде исправена пред тешка дилема дали да стави помалку поволен предлог на референдум или да чека поповолен за да ги максимизира шансите референдумот да успее, но притоа и да ризикува губење на моментумот.

повеќе

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе