Омлет со печурки и топено сирење

Приготвување:

Стопете 1 лажица од путерот во тава на средно-висока температура додека да почне да пушта меурчиња. Додајте го кромидот и динстајте, мешајќи повремено, додека да омекне, околу 2 минути.

Додајте ги печурките и мајчината душица, зачинете со прстофат сол и црн пипер и динстајте, мешајќи ретко, додека печурките да добијат светлокафена боја, околу 4 до 5 минути. Додајте го виното и динстајте додека да испари, околу 1 минута. Пренесете ја смесата во друг сад и оставете ја на страна. Избришете ја тавата со хартиена крпа и оставете ја на страна.

Матете ги јајцата, млекото и останатите сол и црн пипер додека да добијат бледожолта боја и белките и жолчките да станат еднолична смеса. Подгответе 2 чинии за сервирање.

Стопете 1 лажица путер во тавата на средна температура. Додајте половина од смесата со јајца и постојано мешајте со гумена лопатка додека јајцата да формираат мали грутки, околу 2 до 3 минути.

Протресете ја тавата и со лопатката рамномерно раширете ја смесата низ целата тава – одозгора треба да биде кремаста. Врз омлетот истурете половина од топеното сирење. Во средината на смесата наредете половина од печурките.

Тргнете ја тавата од рингла. Со лопатката свиткајте го омлетот како палачинка, со печурките и сирењето во средина. Пренесете го во чинијата за сервирање.

Повторете ја постапката со останатиот путер, јајца, сирење и печурки. Послужете веднаш.

Состојки:
3 лажици несолен путер

половина ситно сечкан кромид

6 средни печурки, исчистени и исечени на ленти

1/4 лажичка ситно сечкани листови мајчина душица

2 лажички суво вино

6 големи јајца

4 лажички млеко

1/2 лажичка сол, плус повеќе ако е потребно

1/4 лажичка црн пипер, плус повеќе ако е потребно

30 г топено сирење

Објавено

Среда, Август 6, 2014 - 22:19

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе