Намаз од стопен кашкавал, сенф и пиво

Приготвување:

Стопете го путерот во тенџере на тивок оган.

Додајте го брашното и мешајте додека да се спојат. Оставете да крчка 2 минути на ниска температура.

Додајте ги млекото и пивото, постојано мешајќи, и оставете да крчка уште една минута. Додајте ги сенфот и црвениот пипер и измешајте.

Додајте го кашкавалот и полека мешајте, готвејќи ја смесата уште неколку минути, или додека да стане еднолична и врела.

Тргнете го тенџерето од рингла, додајте ја жолчката и брзо мешајте.

Послужете веднаш (додека намазот е топол) прелеан над печено лепче и попрскан со власец или сечкан млад кромид.

Состојки:
кришки леб, намачкани со путер и потпечени

2 лажици путер

2 лажици брашно

100 мл млеко

130 мл пиво

1 полна лажичка сенф

1/2 лажичка црвен пипер

2 капки ворчестер-сос

200 г тврд кравји кашкавал, рендан

1 жолчка од јајце

свеж власец, сечкан (може и млад кромид)

Објавено

Недела, Декември 22, 2013 - 21:12

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе