Најдобриот пица-бургер

Приготвување:

Излупете го колбасот, здробете го на ситни парчиња и измешајте го со меленото месо и италијанскиот зачин. Убаво измешајте го со прсти и од него формирајте четири големи и дебели плескавици. Испржете ги плескавиците неколку минути од едната страна, а потоа свртете ги од другата.

Врз секоја плескавица ставете по 2 ленти моцарела, па по неколку парчиња феферони. Додајте неколку тенки парчиња црвен кромид, парче зелена пиперка, купче црни маслинки и купче сечкани печурки.

Одозгора со лажица намачкајте од доматниот сос и најодозгора ставете по уште едно парче моцарела.

Покријте ја тавата со капак и оставете плескавиците да се допржат, моцарелата да се стопи, а фефероните да се загреат.

Исечете ги земичките на половина и пржете ги на путер во тава додека да добијат златно-кафена боја. Сите половинки намачкајте ги со доматен сос, а врз сосот ставете рендан пармезан.

Ставете ги испржените плескавици со додатоците врз долните половини од земичките и покријте ги со горните половини. Послужете веднаш.


Состојки:
500-700 г мелено месо

250 г колбас

1/2 лажичка зачин италијанска мешавина

12 парчиња моцарела

сечкани феферони

8 лажици зачинет доматен сос со додаток на лук и кромид

рендан пармезан

4 земички

тенко сечен црвен кромид

1 зелена бабура, исечена на дебели парчиња

сечкани црни маслинки

сечкани печурки

Објавено

Четврток, Ноември 6, 2014 - 15:58

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе