Приготвување:Излупете го колбасот, здробете го на ситни парчиња и измешајте го со меленото месо и италијанскиот зачин. Убаво измешајте го со прсти и од него формирајте четири големи и дебели плескавици. Испржете ги плескавиците неколку минути од едната страна, а потоа свртете ги од другата. Врз секоја плескавица ставете по 2 ленти моцарела, па по неколку парчиња феферони. Додајте неколку тенки парчиња црвен кромид, парче зелена пиперка, купче црни маслинки и купче сечкани печурки. Одозгора со лажица намачкајте од доматниот сос и најодозгора ставете по уште едно парче моцарела. Покријте ја тавата со капак и оставете плескавиците да се допржат, моцарелата да се стопи, а фефероните да се загреат. Исечете ги земичките на половина и пржете ги на путер во тава додека да добијат златно-кафена боја. Сите половинки намачкајте ги со доматен сос, а врз сосот ставете рендан пармезан. Ставете ги испржените плескавици со додатоците врз долните половини од земичките и покријте ги со горните половини. Послужете веднаш. | Состојки:500-700 г мелено месо250 г колбас 1/2 лажичка зачин италијанска мешавина 12 парчиња моцарела сечкани феферони 8 лажици зачинет доматен сос со додаток на лук и кромид рендан пармезан 4 земички тенко сечен црвен кромид 1 зелена бабура, исечена на дебели парчиња сечкани црни маслинки сечкани печурки |
- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 86НОВИ / 24h
- 1 од 15
- следно ›
- Контакт