Лепињи со мелено месо

Приготвување:

Ставете 2 лажици путер во голема тава на средно висока температура. Додајте го меленото месо и динстајте го додека да потемни. Исцедете поголем дел од маста и фрлете го.

Додајте ги кромидот, пиперката и лукот. Динстајте неколку минути, или додека зеленчукот да почне да омекнува.

Додајте ги кечапот, кафеавиот шеќер, чилито, сенфот и водата. Промешајте и оставете ги да крчкаат 15 минути, додавајќи сол и црн пипер по вкус.

Потоа додајте ги доматното пире, ворчестер- и табаско-сосот по желба. Вкусете и додајте уште зачини ако треба.

Намачкајте ги лепињите со путер и испечете ги на тостер или во рерна. Полнете ги лепињите со смесата од месо, по желба додајте им по едно тенко парче кашкавал и послужете ги топли.

Состојки:
2 лажици путер

1,5 кг мелено месо

1 кромид, ситно сечкан

1 голема пиперка, ситно сечкана

5 чешниња лук, здробени

400 г кечап

250 мл вода

2 лажици кафеав шеќер

2 лажички чили во прав (повеќе по вкус)

1 лажичка сенф

1/2 лажиче црвен пипер

ворчестер-сос, по вкус

2 лажици доматно пире (по желба)

неколку капки табаско-сос (по желба)

сол, по вкус

црн пипер, по вкус

лепињи

путер за мачкање на лепињите

кашкавал, по желба

Објавено

Четврток, Април 18, 2013 - 00:42

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе