Леб од тиква

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте ја со путер тавата за печење (22х12 см); оставете ја на страна.

Ставете ги брашното, циметот, ѓумбирот, солта, прашокот за печиво, сода бикарбоната, каранфилчето и морското оревче во сад и промешајте да се спојат и да се проветрат; оставете ги настрана.

Размачкајте го пирето од тиква во тенок рамномерен слој во плитка тава или послужавник. Покријте го пирето со троен слој хартиени крпи и притискајте додека крпите да ја впијат влагата (не се грижете – нема да се залепат за пирето). „Одлупете" ги хартиените крпи од пирето и фрлете ги; оставете ја на страна тавата со тиквата.

Во голем сад матете го путерот додека да осветли, околу 3 минути. Додајте го шеќерот и продолжете да матите додека смесата уште повеќе да осветли и да почнат да се формираат големи грутки, околу 3 минути.

Матејќи на средна брзина додавајте ги јајцата едно по едно, добро проматувајќи по секое додавање. Додајте ги пирето од тиква и ванилата и матете на мала брзина само колку да се спојат, вкупно околу 1 минута.

Матејќи на мала брзина, полека додавајте ја смесата со брашно, на трипати, и мешајте само колку да се спојат, вкупно околу 2 минути.

Со гумена лопатка изгребете го брашното од рабовите (ако останало), додајте ги оревите и промешајте. Пренесете го тестото во подготвената премачкана тава и израмнете ја површината.

Печете додека лебот да набабри и да добие златна боја, а чепкалката боцната во средината да излезе чиста, околу 50 до 60 минути. Извадете го лебот од рерна и оставете го 10 минути да се олади во тавата. Извадете го лебот од тавата и оставете го целосно да се олади, околу 30 до 40 минути. Послужете.

Состојки:
200 г брашно

1,5 лажичка мелен цимет

1 лажичка мелен ѓумбир

1 лажичка сол

1/2 лажичка прашок за печиво

1/2 лажичка сода бикарбона

1/4 лажичка мелено каранфилче

1/4 лажичка мелено морско оревче

400 г пире од варена тиква

6 лажици несолен путер (80 г), на собна температура, плус уште малку за премачкување на тавата

250 г шеќер

2 големи јајца

1/2 лажичка екстракт од ванила

50 г ореви, печени и крупно исечкани (по желба)

Објавено

Недела, Март 30, 2014 - 10:04

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе