Кремлив богат бешамел сос

Приготвување:

Во голема тава за пржење стопете го путерот. Додајте го брашното. Гответе мешајќи со маталка, на средно-тивок оган, 2-3 минути, за да исчезне вкусот на сирово брашно. Смесата не смее да потемни. Ако почне да станува кафеава, намалете ја температурата.

Малку по малку додавајте го млекото, мешајќи со маталката. Постојано мешајте додека смесата не почне да крчка, околу 3-5 минути, додека не се згусне. Ако стане прегуста, додајте уште млеко. Тргнете ја тавата од рингла.

На страна изматете ги жолчките. Додајте им 1 супена лажица од топлиот сос, постојано мешајќи, за да се изедначи температурата меѓу жолчките и сосот и тие да не се сварат. Повторете ја постапката со уште една лажица од сосот.

Малку по малку додавајте ја смесата од јајца во сосот во тавата и мешајте со маталката додека жолчките целосно да се интегрираат во сосот и да добиете свиленкаста мазна смеса.

Зачинете со сол и пипер.

Состојки:
100 г путер (солен или несолен)

1/2 чаша брашно

3 чаши млеко

3 жолчки од јајце, матени

2 лажички сол

црн пипер по желба

Објавено

Понеделник, Февруари 3, 2020 - 12:33

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе