Приготвување:Загрејте го путерот во тенџерче, а потоа додадете сол и ванилин шеќер. Инстант-кафето помешајте го со топлото млеко, а потоа додадете го во тенџере со путерот. Изматете ги јајцата и шеќерот додека не добиете густа смеса со пена. Смесата полека истурете ја во тенџерчето со путерот каде што веќе го додадовте и кафето и млекото. Сето тоа заедно мешајте го на ниска температура додека да се соедини. Претурете ја смесата во висока чаша. Можете да ја послужите топла, ама најдобро е ладна. Оставете ја во фрижидер половина час, а додека се лади мешајте одвреме-навреме. | Состојки:20 г путермалку сол 1 ванилин шеќер 2 лажички инстант-кафе 6 лажици млеко 2 јајца 2 лажички шеќер во прав |
Крем-кафе за летно освежување

Објавено
Петок, Август 9, 2013 - 17:10