Доматен сос со кромид и путер

Приготвување:

Ставете ги доматите во тенџере.

Додајте ги путерот, кромидот и солта. Гответе, непокриено, на многу слаба температура, колку да крчка, 45 минути, или додека маснотијата не исплива од доматот.

Повремено мешајте, гмечејќи ги големите парчиња домати со задниот дел на дрвена лажица.

Пробајте и, ако треба, досолете. Фрлете го кромидот, а потоа измешајте го сосот со тестенините. Послужете со рендан пармезан.

Состојки:

1 кг свежи, зрели домати, бланширани, излупени и крупно исечкани (или 2 чаши конзервирани домати сосе сокот)

5 лажици путер

1 среден кромид, излупен и исечен на половина

сол

тестенини, сварени

свежо рендан пармезан за сервирање

Објавено

Понеделник, Октомври 31, 2022 - 19:39

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе