Домашна лимонада

Приготвување:

Загрејте 800 г шеќер заедно со 1,5 л вода додека шеќерот да се раствори. Оставете ја смесата во фрижидер да се олади.

Убаво исцедете ги лимоните и оладете го и нивниот сок.

Истурете го сокот од лимон во голем бокал. Прелејте го со 3/4 од сирупот од шеќер и вода, а одозгора ставете го мразот.

Додајте уште околу 2 л вода, промешајте, а потоа пробајте ја лимонадата. Додајте повеќе сируп ако не е доволно слатко, или повеќе вода ако е потребно растворување.

Послужете веднаш.

Во лимонадата додајте 300 г малини, боровинки, капини или сечкани јагоди за поинаков вкус, или пак 300-400 мл рум или текила, по желба.

Состојки:
800 г шеќер

1,5 л вода

сок од 24 цели лимони

уште околу 2 л вода

многу мраз

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе