Чизстек со говедско и печурки

Приготвување:

Отстранете ги вишокот маснотии од месото и исечете го на многу тенки парчиња; оставете го настрана.

Загрејте го маслото во голема тава на средно-висока температура. Ставете ги пиперката и кромидот. Зачинете со сол и црн пипер и динстајте, мешајќи повремено, додека да омекнат и да почнат да потемнуваат, околу 5 минути. Потргнете ги пиперките и кромидот на една страна од тавата и ставете ги печурките. Динстајте, промешувајќи 2-3 пати, додека да потемнат, 7-10 минути. Потоа промешајте ги заедно со пиперките и кромидот.

Поттурнете го целиот зеленчук на една страна од тавата, ставете ги парчињата говедско во еден слој и зачинете ги со сол и црн пипер. Динстајте, мешајќи повремено, додека месото да стане кафеаво, околу 3 минути. Намалете ја температурата на ниска.

Поделете го месото во тавата на две купчиња приближно со големина на земичките. Врз секое купче месо ставете по половина од зеленчукот. Врз зеленчукот ставете половина од кашкавалот. Покријте ја тавата со капак и оставете да крчка додека кашкавалот да се стопи, околу 3-4 минути.

Отворете една земичка и во неа пренесете го едното купче од месо, зеленчук и кашкавал. Истото повторете го и со другата земичка. Послужете веднаш.


Состојки:
350 г говедска плешка, оладена во замрзнувач 45 минути (за полесно да се сече)

2 лажици растително масло

1 пиперка, ситно сечкана

половина кромид, тенко сечен

сол

црн пипер

200 г шампињони, тенко сечени

100 г кравји кашкавал, тенко сечен

2 земички, пресечени хоризонтално и потпечени

Објавено

Четврток, Јануари 9, 2014 - 12:49

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе