Запечени тиквички со сирење бри

Приготвување:

Излупете ги тиквичките и исечете ги тенко по должина.

Во голема, огноотпорна тава на средна топлина динстајте го путерот со лукот и кромидот, околу 3 минути. Додајте го маслиновото масло и тиквичките и гответе додека да омекнат, 30 секунди до 1 минута (во зависност од дебелината). Не претерувајте.

Изматете ги јајцата и павлаката за готвење и зачинете ги со сол и црн пипер.

Истурете ги смесата од јајца, зелениот кромид и магдоносот во тавата со смесата од тиквички. Гответе на средно ниска топлина околу 5 минути, полека мешајќи со гумена шпатула. Додајте ги сирењето бри и доматите.

Запечете во рерна кратко и внимавајте да не изгори.

Украсете со зелен кромид и магдонос. Послужете веднаш.

Состојки:
  • 500 г тиквички
  • 1 лажица путер
  • 1 чешне лук, здробено
  • 1 мал кромид, исечкан ситно
  • 1 лажица маслиново масло
  • 6 големи јајца
  • 2 лажици павлака за готвење
  • сол
  • црн пипер
  • 1 сечкан зелен кромид, плус повеќе за украс
  • сечкан свеж магдонос
  • 250 г сирење бри, исечено на мали коцки
  • 5-6 чери-домати, преполовени

Објавено

Сабота, Јули 29, 2017 - 16:07

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе