Тестенини со вотка

Приготвување:

Сварете ги тестенините според упатството на кутијата, но внимавајте да не ги преварите.

Во голема тава на средна температура ставете ги маслиновото масло и путерот. Кога путерот ќе се стопи, додајте ги сечканиот кромид и лук. Промешајте и оставете да динста две минути. Додајте ја вотката. Промешајте и динстајте уште три минути. Додајте го доматното пире и измешајте.

Намалете ја температурата на ниска и додајте ја хоплата. Оставете да крчка, внимавајќи да не се прегрее. Додајте ги црвениот пипер, солта и црниот пипер.

Исцедете ги тестенините, но зачувајте 250 мл од водата во која се вареле за во случај сосот да е премногу густ. Додајте ги исцедените тестенини во сосот и измешајте. Ако е густо, додајте од водата. Додајте го пармезанот.

Пренесете ја смесата во голем сад за сервирање. Украсете со уште пармезан и послужете.

Состојки:
500 г тестенини

2 лажици маслиново масло

2 лажици путер

1 среден кромид, ситно сечкан

2 (до 3) чешниња лук, сечкани

200 (до 250) мл вотка

400 г доматно пире

250 мл неутрална хопла

прстофат црвен пипер

1/4 лажичка (до 1/2 лажичка) сол

црн пипер, по вкус

150 г рендан пармезан

Објавено

Среда, Декември 3, 2014 - 09:56

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе