Приготвување:
Зовријте големо тенџере солена вода. Варете ја пченката 4-8 минути. Ставете помала тава на среден оган и додадете 50 г путер. Кога ќе се загрее, додајте ги кромидот, лукот и рузмаринот и зачинете со малку сол и црн пипер. Гответе, редовно мешајќи, околу 6-8 минути, додека кромидот не почне да омекнува. Потоа, додадете три четвртини од пченката и целата зеленчукова супа и оставете да зоврие. Гответе 3-4 минути, а потоа тргнете го од оган. Ставете ги зрнцата пченка во блендер и мешајте додека не добиете мазно, густо пире. Ставете го пирето во голема чинија за мешање. Додека сè уште е топло, додајте му сè од останатите состојки (зачувајте малку кашкавал за подоцна), заедно со преостанатите зрна пченка, чадениот црвен пипер и жолчките од јајцата. Со маталка изматете ги белките додека да почнат да се создаваат врвови. Со метална лажица нежно промешајте ги изматените белки со пирето од пченка. Префрлете ја смесата во подготвениот сад за суфле, а потоа со нож поминете околу работ (ова му помага на суфлето да се издигне над работ на садот за да се создаде ефектот на „капа“). Одозгора посипете го преостанатиот кашкавал и печете 25-30 минути, додека горниот дел не позлати и нарасне. Послужете веднаш. | Состојки:50 г несолен путер, плус уште малку за подмачкување1 лажица палента 250 г пченка 1 кромид, ситно сечкан 1 чешне лук, сечкано 1 лажиче рузмарин 100 мл зеленчукова супа 100 г чаден чедар прстофат чадена пиперка 4 јајца |
Суфле со пченка и чаден кашкавал

Објавено
Среда, Јули 28, 2021 - 15:13