Сочни печени моркови со крем

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте ја тавата за печење со путер и оставете ја настрана.

Стопете 2 лажици путер во голема тава на средно-висока температура. Кога меурчињата ќе се смират, додајте ги морковите, сол и црн пипер и динстајте, мешајќи повремено, додека морковите само да почнат да поруменуваат, околу 7 минути.

Рамномерно истурете го брашното врз морковите, постојано мешајќи. Динстајте додека брашното да добие златна боја, околу 1-2 минути. Полека, со постојано мешање, прелејте ја хоплата, а кога таа ќе почне да врие, тргнете ја тавата од рингла.

Пренесете ги морковите во подготвената тава за печење и покријте ги со капак или со алуминиумска фолија. Печете ги додека кремот да почне да крчка, околу 20 до 25 минути.

Во меѓувреме, загрејте ги останатите 2 лажици путер на средна температура. Кога меурчињата ќе се смират, додајте го лукот и динстајте само додека путерот да почне да потемнува, околу 3 минути.

Додајте ги лебните трошки во тавата и зачинете со сол и црн пипер. Мешајќи повремено динстајте ги додека малку да потемнат, околу 5 минути. Фрлете го лукот и оставете ги трошките настрана.

Кога морковите ќе бидат готови, отстранете ја фолијата и оставете ги така околу 10 минути.

Рамномерно истурете ги лебните трошки одозгора и послужете.

Состојки:
4 лажици несолен путер

1 кг моркови, сечени на кругови дебели 1 см

1 лажица сол

1/2 лажичка црн пипер

1 лажица брашно

400 мл неутрална хопла

3 лукчиња, крупно здробени

200 г лебни трошки

Објавено

Среда, Јуни 12, 2013 - 00:31

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе