Ролатини од модар патлиџан

Приготвување:

За маринара-сосот: Во блендер ставете ги доматите, пирето од домати, магдоносот, лукот, ориганото, солта и пиперот и убаво изблендајте ги. Во голема тава на средна температура динстајте го кромидот во маслиново масло, 2 минути. Додајте ги доматниот сос и белото вино и динстајте 30 минути, повремено мешајќи.

За патлиџаните: Исечете ги краевите на модрите патлиџани. Излупете ги и исечете ги по должина на парчиња дебели 5 мм. Треба да добиете вкупно околу 16 парчиња. Наредете ги парчињата во тава за печење и убаво посипете сол од двете страни. Оставете ги да отстојат 15 минути, а потоа исплакнете ја солта со ладна вода и исушете ги парчињата.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Намачкајте ги двете страни од парчињата модри патлиџани со маслиново масло и наредете ги во еден слој во тавата за печење (може да ги печете на двапати). Печете 15 минути, додека да омекнат (по 6-7 минути превртете ги). Оставете да се изладат.

Во голем сад измешајте ги спанаќот, рикотата, лукот, јајцата, третина од моцарелата и половина од пармезанот. Зачинете со 1 лажиче сол и 1/2 лажиче црн пипер. Намастете ја тавата за печење.

Истурете половина од маринара-сосот во тавата. Поделете ја смесата со рикота на 16 еднакви дела и со лажица ставајте ги на крајот на секое парче модар патлиџан. Намотајте ги парчињата модар патлиџан како ролат и наредете ги со работ надолу во садот за печење. Одозгора прелејте го останатиот сос и посипете ги останатите моцарела и пармезан.

Покријте го садот за печење со фолија и печете околу 30 минути. Отстранете ја фолијата и печете ги додека да потемнат и да почнат да пуштаат меури, уште околу 15 минути. Оставете да се оладат 10 минути пред сервирањето.

Состојки:
  • 4 средни модри патлиџани
  • сол и црн пипер
  • 60 мл маслиново масло
  • 300 г спанаќ, исчистен и исушен
  • 450 г сирење рикота
  • 3 чешниња лук, здробени
  • 2 големи јајца, матени
  • 200 г моцарела
  • 100 г рендан пармезан
  • За сосот:
  • 400 г домати од конзерва
  • 150 г доматно пире
  • 4 лажици свеж магдонос
  • 1 чешне лук, здробено
  • 1 лажиче оригано
  • 1 лажиче сол
  • 1/4 лажиче црн пипер
  • 6 лажици маслиново масло
  • 1 ситно сечкан кромид
  • 150 мл бело вино

Објавено

Четврток, Март 9, 2017 - 18:49

Коментари

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе