Приготвување:Целите главици лук измијте ги и испечете ги во загреана рерна на средна температура, додека да омекнат, 15-20 минути. Исечете ги излупените компири на коцки и сварете ги во зовриена вода. Исцедете ја водата, вратете ги во тенџерето и пасирајте ги компирите на ниска температура додека да испари целата преостаната вода. Додајте им ги омекнатиот путер, крем-сирењето, хоплата и сол по вкус. Земете ги печените подоладени главици лук и истискајте ги за да излезе содржината од лушпите. Додајте ги печените лукчиња (оставете 2-3 лукчиња цели, за украс) во смесата со компири, промешајте и проверете дали е добро зачинето. Додајте црн пипер, измешајте и послужете го пирето украсено со 2-3 лукчиња одозгора. Послужете го со говедски стек со сос од фета. | Состојки:2,5 кг компири, излупени и исплакнети3 до 5 цели главици лук 150 г солен путер 250 г крем-сирење (по можност филаделфија или маскарпоне) 130 мл неутрална хопла сол по вкус црн пипер по вкус |
- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 55НОВИ / 24h
- 1 од 10
- следно ›
- Контакт