Пилешка пица со сос за скара

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Посолете ги пилешките гради од двете страни, а потоа ставете ги во огноотпорен сад. Истурете го сосот за скара врз нив и промешајте ги за да се обложат со него (но зачувајте неколку лажици од сосот). Печете ги 20 до 25 минути, или додека пилешкото да биде печено. Извадете го од рерна и исечете го на мали коцки. Оставете ги на страна.

Зголемете ја температурата на рерната на 250 степени.

Попрскајте ја тавата за печење со маслиново масло и ставете го тестото за пица на неа. Попрскајте го и тестото одозгора со малку маслиново масло, а потоа и со малку сол.

Врз тестото ставете неколку лажици сос за скара и рамномерно размачкајте го. Одозгора наредете ја исечената моцарела, па врз неа парчињата пилешко и тенко сечениот црвен кромид.

Повторно малку посолете, а потоа печете ја пицата 15 до 17 минути, или додека тестото да добие убава светлокафена боја, а моцарелата да почне да пушта меурчиња.

Извадете ја од рерна и посипете ја со многу сечкан магдонос. Исечете ја на коцки и послужете ја веднаш.

Состојки:
1 тесто за пица

1 парче пилешки гради, без кожа и коска

100 мл сос за скара

маслиново масло

сол

250 г сирење моцарела, исечено на тенки парчиња

половина црвен кромид, исечен на многу тенки ленти

сечкан магдонос, по вкус

Објавено

Четврток, Јануари 29, 2015 - 20:40

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе