Печен коренест зеленчук

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 150 степени.

Обложете ја тавата за печење со мрсна хартија. Измешајте ги компирите, морковите, празот, пашканатот, маслото и солта и префрлете ги во тавата.

Печете ги во загреаната рерна 1 час, или додека зеленчукот да се карамелизира.

Додадете ги тиквичките во тавата и печете 30 минути.

Зголемете ја температурата на 200 степени. Печете уште 15 минути, додека зеленчукот да омекне и да добие светлокафена боја.

Состојки:
1 среден компир, излупен, крупно сечкан

3 моркови, исечени, излупени

2 мали страка праз, измиени и преполовени по должина

4 мали пашканати, излупени, преполовени по должина

60 мл маслиново масло

2 лажички сол

2 средни тиквички, преполовени по должина

Објавено

Четврток, Февруари 19, 2015 - 15:26

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе