Печен аспарагус со лук и моцарела

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 220 °Ц. Намачкајте ја тавата за печење со малку масло за јадење.

Наредете ги дршките аспарагус во тавата.

Во мал сад измешајте ги заедно маслиновото масло, лукот, солта и црниот пипер. Истурете ја смесата врз аспарагусот и провртете ги за убаво да се обложат.

Печете 10-15 минути додека само да почнат да омекнуваат.

Извадете ги од рерна и врз нив наредете го сирењето моцарела. Вратете ги во рерна и оставете ги додека сирењето да се стопи и да добие златно-жолта боја (околу 4-5 минути).

Додајте сол и црн пипер ако треба. Послужете веднаш.

Состојки:
500 г дршки аспарагус, дрвенестите краеви отсечени

3 лажици маслиново масло

1 лажица здробен лук (или 4 чешниња лук, здробени)

сол и црн пипер

200 г рендано сирење моцарела

Објавено

Недела, Декември 27, 2020 - 20:45

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе