Модри патлиџани полнети со месо

Приготвување:

Исечете ги патлиџаните на два дела и издлабете ги попречно (месото). Зачинете ги со сол и ставете ги во цедалка околу половина час. Измијте ги со многу вода и исцедете ги на кујнска хартија.

Загрејте ја рерната на 200 Ц. Зачинете ги патлиџаните со сол и црн пипер и прелејте ги со маслиново масло. Ставете ги патлиџаните (со кожата нагоре) во плех обложен со мрсна хартија. Печете ги 40 минути, додека да омекнат.

Во меѓувреме, подгответе го филот од месо. Излупете ги и исечете ги кромидот и лукот. Ставете голема тава на среден оган, додајте малку маслиново масло и кромидот и пржете додека да омекнат. Додајте го лукот и пржете. Зголемете ја температурата, додајте го меленото месо, распарчете го со лажица и пржете. Додајте го црвеното вино и почекајте 1-2 минути да испари. Додајте ги доматите, циметот, малку шеќер, ориганото и зачините. Оставете да зоврие, намалете ја температурата и динстајте со капак околу 30 минути, додека поголем дел од соковите да испари. На крај додајте 1-2 грста рендан пармезан и сечканиот магдонос и промешајте.

Подгответе го бешамел-сосот. Во голема тава стопете го путерот на тивок-среден оган. Додајте го брашното постојано мешајќи со маталка. Додавајте по малку загреано млеко постојано мешајќи, за да спречите вашиот сос да стане грутчест. Ако сосот треба уште да се згуснува, варете на тивок оган постојано мешајќи. Треба да добие густина на густ крем. Тргнете ја тавата од рингла, додајте ги жолчките и зачинете со сол, црн пипер и малку оревче. Брзо матете за да спречите јајцата да станат омлет. Зачинете со сол по вкус.

Наредете ги патлиџаните на дното на тавата за печење, со кожата надолу. Отстранете дел од нивното месо, за да направите простор за филот. Попрскајте ги модрите патлиџани со малку рендан кашкавал и ставете по една голема лажица од сосот од месо врз секое парче. Одозгора прелејте со бешамел-сосот и попрскајте со рендан кашкавал.

Печете ги 20 минути на 180 степени, додека да поруменат.

Состојки:
5 модри патлиџани

500 г мелено месо

1 голем црвен кромид, ситно сечкан

2 чешниња лук, ситно сечкани

1 чаша црвено вино

1 конзерва сечкани домати или сок од домати

1 стапче цимет

1 лажиче оригано

100 г рендан пармезан

маслиново масло

сол и црн пипер

2-3 лажици сечкан магдонос

За бешамел-сосот 

100 г брашно

100 г путер

900 мл млеко

2 жолчки од јајце

малку морско оревче

сол по вкус

Објавено

Вторник, Септември 7, 2021 - 22:34

ДУИ е дел од влада која, дел поради пандемијата, а дел поради непостоење на политичка волја за реформирање на системот и искоренување на корупцијата и организираниот криминал создаде назадоволство кај граѓаните.

повеќе

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе