Макарони со кашкавал и сенф

Приготвување:

Сварете ги макароните, но не целосно. Исцедете ги.

Во мал сад изматете ги јајцата.

Во голема тава на рингла стопете го путерот и додајте го брашното. Мешајте на средно-ниска температура. Динстајте ја смесата пет минути, постојано мешајќи. Не дозволувајте да загори.

Додајте ги млекото и сенфот и мешајте додека да се изедначи. Динстајте пет минути, додека да згусне. Намалете ја температурата на ниска.

Земете со црпалка од смесата и полека додајте ја кај матените јајца, постојано мешајќи за да не се зготват јајцата од топлината. Матете додека смесата да се изедначи.

Истурете ја смесата од јајца во сосот што е на рингла, постојано мешајќи. Мешајте додека да се изедначи.

Додајте го ренданиот кашкавал и мешајте додека да се стопи и да добиете еднолична смеса.

Додајте сол и црн пипер. Вкусете го сосот и додадете уште сол ако треба.

Прелејте го сосот кај исцедените макарони и промешајте.

Послужете веднаш или пренесете ги во тава за печење намачкана со путер, одозгора изрендајте уште кашкавал и печете 20 до 25 минути или додека да порумени одозгора.

Состојки:
500 г макарони

3 јајца, матени

4 лажици путер

3 лажици брашно

600 мл полномасно млеко

2 лажички сенф

500 г рендан кашкавал

1 лажичка сол, повеќе по вкус

1/2 лажичка црн пипер

дополнителни зачини: црвен пипер, мајчина душица

Објавено

Среда, Ноември 19, 2014 - 14:01

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе