Крцкави печени компири

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Ставете ги компирите во големо тенџере и само покријте ги со солена вода. Покријте ги со капак и доведете ги до вриење, а потоа оставете да крчкаат 5 минути. Исцедете ги и малку протресете ги во цедалката.

Истурете го маслото во голема тава за печење и загрејте го на рингла. Внимателно наредете го компирот во еден слој - маслото треба да биде толку жешко што да почне да прска кога ќе ги ставите компирите. Превртете ги така што рамномерно да се обложат со масло и печете ги 40 минути, еднаш свртувајќи ги на другата страна.

Исцедете го маслото и зачинете со сол. Печете уште 5 минути. Испечените компири попрскајте ги со свежо сечкан магдонос.

Состојки:
  • 2 кг компири, излупени и исечени на големи еднакви парчиња
  • 250 мл маслиново масло
  • сол
  • свеж магдонос за украс
 

Објавено

Петок, Септември 1, 2017 - 14:40

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе