Ќофтиња од моркови

Приготвување:

Измешајте ги јајцата, морковите, магдоносот и брашното во голем сад; зачинете со сол и црн пипер.

Загрејте 2 лажици масло во голема тава на средно-висока температура. Со лажица земајте од смесата и спуштајте ги топчињата во загреаното масло, а потоа притискајте ги одозгора да добијат дебелина од 1 см.

Пржете ги ќофтињата додека да добијат светлокафена боја, околу 3 минути од секоја страна. Пренесете ги на кујнска хартија и оставете ги да се исцедат и да се подоладат. Повторете ја постапката сè додека не ја потрошите целата смеса, додавајќи уште масло во тавата ако треба.

Послужете ги ќофтињата со кисела павлака.

Состојки:
4 јајца, матени

500 г моркови, излупени и крупно изрендани

3 лажици магдонос, ситно сечкан

30 г пченкарно брашно

сол и црн пипер, по вкус

3 лажици маслиново масло, плус уште по потреба

кисела павлака, за сервирање

Објавено

Понеделник, Ноември 17, 2014 - 21:31

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе